|
oснована на 16 март 2004 г. во Скопје од страна на 31 организација од различни сектори и интереси.
Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) е отворено место за размислување, демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција на граѓанските организации што се посветени на градење граѓанско општество во Македонија.
ГПМ има плуралистички, разновиден, нерелигиозен, невладин и непартиски контекст што на децентрализиран начин ги поврзува граѓанските организации вклучени во конкретни активности, од локално, преку национално, до меѓународно ниво, со цел градење граѓанско општество.
ГПМ, како рамка за размена на искуства, го поттикнува меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските организации што се учесници, поттикнува поголем дијалог меѓу граѓанските организации и става посебно значење на размената на искуства помеѓу нив, и на нивната комуникација, координација и соработка.
Легитимноста на ГПМ ќе биде резултат на нејзината способност да го зајакне граѓанското општество (граѓанскиот сектор), добро да го вкорени и да обезбеди организираност и постојаност. ГПМ ги собира и меѓусебно ги поврзува граѓанските организации (и другите чинители на граѓанското општество во Македонија), но нема намера да биде тело што ексклузивно ќе го претставува македонското граѓанско општество.
ГПМ настојува да го зголеми капацитетот на граѓанскиот сектор и способноста за мобилизација на граѓанското општество, што ќе влијае на јакнење на граѓанскиот и политичкиот простор.
ГПМ ќе поттикнува изградба на капацитет на граѓанските организации за мобилизација на домашна поддршка за нивните цели. Со мобилизација на поддршка и средства дома, ќе се намалува зависноста од меѓународни извори на финансирање. Платформата ќе поттикнува овозможувачка околина за домашна мобилизација на поддршка и средства.
Тоа ќе значи градење идентитет, имиџ и комуникации со јавноста што ќе ја зголемат довербата.
Тоа ќе значи граѓански сектор кој работи со највисоки етички стандарди на одговорност и јавност (транспарентност).
Тоа ќе значи способност да се документираат резултатите и делотворнаста на граѓанските организации.
ГПМ има постојани и повремени тела. Постојани тела се: Советот, Комитетот и Секретаријатот, како и други работни групи, тематски комитети и др. Советот има водечка улога во процесот на дефинирање на принципите и стратешките насоки. Советот е составен од 33 членови, претставници од граѓанските организации и индивидуалци посветени на градење на граѓанското општество во Македонија. Комитетот има извршна улога и го сочинуваат 14 членови.
ГПМ е отворена за сите граѓански организации во Република Македонија. Критериуми за членство се: формата на организацијата, постигнатите резултати, финансиските и човечките ресурси, внатрешната организација (активни демократски структури, репрезентативност, односи со членството и целната група), односите со другите актери, отчетноста и транспарентноста.
ГПМ се финансира преку членарина и самофинансирање на активностите.
Активностите ќе бидат насочени кон:
-
подобрување на комуникацијата, координацијата и соработката на граѓанскиот сектор;
-
утврдување состојби, потреби и приоритети и унифицирање концепти и пристапи во граѓанското општество.
-
развој на домашен систем на поддршка (законска рамка, етички стандарди, одговорност и транспарентност, делотворност на граѓанските организации, демонстрирање резултати и градење имиџ);
-
воспоставување партнерски односи со државниот сектор, деловниот сектор и меѓународните организации и агенции во Република Македонија за воспоставување партиципативна демократија и социјално (општествено) одговорен деловенсектор
-
активно учество во меѓународен контекст.
|
|