|
Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) е отворено место за размислување, демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција на граѓанските организации што се посветени на градење граѓанско општество во Македонија.
ГПМ има плуралистички, разновиден, нерелигиозен, невладин и непартиски контекст што на децентрализиран начин ги поврзува граѓанските организации вклучени во конкретни активности, од локално, преку национално, до меѓународно ниво, со цел градење граѓанско општество.
ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА
Платформата има постојани тела. Постојани тела на Платформата се: Совет, Комитет и Секретаријат.
Платформата може да воспостави и постојани и привремени тела како организациони комитети, тематски комитети, работни групи за соработка и други форми.
|
|