ГРАЃАНСКА ПЛАТФОРМА НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Граѓанската платформа на Македонија е основана на 16 март 2004 од страна на група граѓански организации, ентузијасти од земјата. Таа претставува отворено место за размислување, демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција на граѓанските организации што се посветени на градење граѓанско општество во Македонија.
Платформата ги собира и меѓусебно ги поврзува граѓанските организации (и другите чинители на граѓанското општество во Македонија), но нема намера да биде тело што ексклузивно ќе го претставува македонското граѓанско општество. Легитимноста на Платформата ќе биде резултат на нејзината способност да го зајакне граѓанското општество (граѓанскиот сектор), добро да го вкорени и да обезбеди организираност и постојаност. ГПМ е многу успешен пример за преземање иницијативи, иако е неформална мрежа на граѓански организации. Сериозниот пристап на ГПМ кон предизвиците со коишто граѓанскиот сектор се соочува во Република Македонија, ги изгради принципите врз коишто Платформата дејствува, изгради структура и процедури коишто се одраз на транспарентноста и еднаквиот пристап како кон членките на платформата, така и кон другите граѓански организации во земјата. ГПМ има постојани и повремени тела. Постојани тела се: Советот, Комитетот и Секретаријатот, како и други работни групи, тематски комитети и др. Советот има водечка улога во процесот на дефинирање на принципите и стратешките насоки. Советот денес е составен од 33 членови, претставници од граѓанските организации и поединци посветени на градење на граѓанското општество во Македонија. Комитетот има извршна улога и го сочинуваат 11 членови.
Во периодот 2004–2006, Секретаријатот на ГПМ беше раководен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Почетниот двегодишен период на координација беше доста важен за растот на ГПМ, кога ефективно и успешно се изгради пред с$ конструктивниот дијалог помеѓу членките на ГПМ. Беа поставени јасни принципи за работа, структура, ефективно функционирање на телата на ГПМ. Резултат на ваквата поставеност денес е финансиската поддршка од Европската агенција за реконструкција на програмата за работа на ГПМ за 2006-2007 година, која во целост е реализирана од членките на ГПМ. Еднаквиот и сериозен пристап кон сите членки на ГПМ е изборот на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп за нов раководител на Секретаријатот во 2006 г. Во духот на децентрализацијата, довербата којашто & е дадена на организација со седиште надвор од главниот град, е доказ дека ГПМ е место каде секоја сериозна и успешна граѓанска организација може да го даде својот придонес за изградба на поконструктивен граѓански сектор. Активностите предвидени во програмата за работа на ГПМ се насочени кон: Подобрување на комуникацијата, координацијата и соработката на граѓанскиот сектор; Развој на домашен систем на поддршка (законска рамка, етички стандарди, одговорност и транспарентност, делотворност на граѓанските организации, демонстрирање резултати и градење имиџ); Воспоставување партнерски односи со државниот сектор, деловниот сектор и меѓународните организации и агенции во Република Македонија за воспоставување партиципативна демократија и социјално (општествено) одговорен деловен сектор. ГПМ се финансира преку членарина и самофинансирање на активностите.
ГПМ е отворена за сите граѓански организации во Република Македонија. Критериуми за членство се: формата на организацијата, постигнатите резултати, финансиските и човечките ресурси, внатрешната организација (активни демократски структури, репрезентативност, односи со членството и со целната група), односите со другите актери, отчетноста и транспарентноста. Сите заинтересирани граѓански организации можат да побараат пријава за членство во Секретаријатот на ГПМ на тел. 048/400-480, или на е-пошта HYPERLINK "mailto:marina@cgimk.org.mk" marina@cgimk.org.mk.

 

 

 

 
 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ