|
Kontakt:
Васил Ѓоргов бб, барака 4, П.Ф. 571, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: ++ 389 2 3134 390 Факс: ++ 389 2 3238 184
E-mail: sozm@mt.net.mk Web site: www.sozm.org.mk
Лице за контакт: Савка Тодоровска
Датум и место на основање: октомври, 1994 во Скопје
Област на делување: Унапредување на РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ, гарантирање на ЖЕНСКИТЕ ПРАВА, елиминирање на дискриминацијата врз жените во општеството и семејството, РАЗВОЈ и МИР
Ниво на делување: национално
Број на членки, доколку е мрежа: Сојузот на Организациите на Жените на Макеоднија (СОЖМ) е мултиетничка мрежа од 75 независни женски организации кои споделуваат иста визија. Извршната канцеларија на СОЖМ е сместена во Скопје, главниот град на Макеоднија.
Цел на организацијата:
- Мисијата на СОЖМ е развој на граѓанскиот сектор преку создавање на нови односи во општеството со поддршка на локалните женски организациите и жените индивидуално. Мисијата се постигнува преку создавање на нови односи во општеството, развој на учеството на жените во јавниот живот и развој на проекти, соработка и взаемна поддршка, борба против насилството, злоупотреба и трговија со жени, еднакви можности и учество на жените во сите сфери на социјалниот живот; поддршка на толеранцијата, дијалогот, промовирање и заштита на мирот во земјата и регионот, поголено учество на жените во власта и одлучувањето, подобрување на социо-економската позиција на жените и развој на бизнисот, како и придонес кон воведувањето на родовиот концепт во законодавството на Република Македонија и приближување кон Европските стандарди.
Главни активности:
- Програм а за политичко јакнење на жените
- Програма за поддршка и јакнење на жените
- Програма - документационен центар
- Програма женски центар - женски родови студии
- Програм за заштита на мирот и разрешување на конфликти
- Програма против трговија со жени
- Програма за меѓународна соработка
- Социјална програма
- Програма економско јакнење на жените
- Програма младиснки центар отворен простор
|
|