СОВЕТ

 

 

Природа
Советот е постојано тело на Платформата. Советот има водечка улога во процесот на дефинирање на принципите, стратешките правци и основните начела на организацијата.
Советот е место за дијалог и поврзување. Советот не е авторитет во структура на моќ.
Иако Советот мора да има балансиран состав во однос на регионалната и секторска разноликост, нема да претставува структура што би имала за цел да го претставува граѓанско општество во Македонија.
Делокруг (Одговорности)
Советот:

  1. ја донесува генералната политика и стратегија на Платформата;
  2. ги донесува, изменува и дополнува докементите за членство, организациска структура и финансирање на Платформата;
  3. донесува годишен извештај за работата;
  4. го утврдува редоследот на претседавање со Советот;
  5. одлучува за прием на членки во Платформата;
  6. избира членови на Комитетот;
  7. одлучува за воспоставување на Секретаријат и негова организација-домаќин;
  8. одлучува за постојани тела на Платформата, во соработка со Комитетот;
  9. одржува постојани контакти со поборниците на граѓанското општество;
  10. ја популаризира Платформата, поттикнува на широко распространето учество и дебата во врска со прашања и предлози поставени од страна на Платформата;
  11. поттикнува мобилизиција на средства;
  12. одлучува за престанок на Платформата.

Состав
Советот го сочинуваат претставници на членките на Платформата, како и индивидуални актери.
Претставници на членките
За да се обезбеди динамиката на работата, членките на Платформата треба да наименуваат претставник и негов заменик.
Советот има не повеќе од четириесет члена. Доколку бројот на учесници на Платформата е помал од бројот на членови на Советот, сите учесници на Платформата се членови во Советот. Доколку бројот на учесници во Платформата е поголем од бројот на членови на Советот, истите се избираат.
Составот на Советот ги претставува различните интереси и (актери) во Платформата.
Составувањето на Советот се заснова на следниве критериуми:

    1. придржување до Повелбата на Принципи;
    2. секторско учество, географска и регионална рамнотежа, чија цел е разноликост;
    3. учество од страна на организации водители на национални, секторски и други мрежи;

Членови се избираат за период од две години, со право на повторен избор.
Индивидуални актери
Советот вклучува во својот состав и индивидуални актери битни за граѓанското општество, чие присуство се смета за важно во одреден момент на некоја ситуација или во однос на организациската динамика на Платформата.
Бројот на индивидуални на Советот е не повеќе од десет члена.
  Индивидуалните актери учествуваат во работата на Советот без право на гласање.
Избор
            Членовите на Советот поединечно ги избира Советот со конзензус.
            Нови членови на Советот може да предложат/кандидираат најмалку пет членки во Платформата или најмалку три члена на Советот.
Функционирање
Советот работи на седници. Советот заседава најмалку двапати во календарската година.
Седниците на Советот ги свикува Комитетот. Седниците на Советот ги води претседателство составено од претседавач и два члена. Претседателството на Советот е променливо и го следи утврдениот редослед.
Седница може да се свика и по барање на пет члена на Советот.
Ако Комитетот во рок од четиринаесет дена од денот на даде­ниот предлог не свика седница, седницата ја свикуваат иници­јато­ри­те.
Советот донесува Деловник, со мнозинството гласови од вкупниот број членови.
Советот има кворум ако се присутни повеќе од половината од вкупниот број членови.
Советот одлучува со мнозинство од вкупниот број на присутни членови за сите прашања, освен за прием на нови членки, избор на членови на Комитетот и изменување, дополнување и усвојување на Повелбата на принципи, кога се носи одлука со консензус.

 

 

 

 
 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ