СЕКРЕТАРИЈАТ

 

 

Природа
Секретаријатот е постојано тело на Граѓанската платформа на Македонија.
Секретаријатот се наоѓа во организацијата-домаќин, која врз основа на понуди ќе биде дополнително избрана.
Состав
По предлог на организацијата-домаќин Комитетот го утврдува составот на Секретаријатот.
Делокруг
Секретаријатот ќе:

    1. обезбедува поддршка на постојаните и повремените тела на Платформата,
    2. одржува постојана комуникација меѓу членовите на Платформата, членовите на постојаните и повремените тела, како и со надворешните актери,
    3. обезбедува и дистрибуира информации од важност за Платформата,
    4. обезбедува учество во активности од важност за Платформата и граѓанското општество во целина во Република Македонија и пошироко,

Избор
Секретаријатот се избира од страна на Советот со мнозинство од вкупниот број присутни членови.
Мандатот на Секретаријатот е две години со право на еден повторен избор.

Членката која се пријавува за Секретаријат треба писмено да достави до Комитетот на ГПМ понуда за домаќин/ракводител најдоцна три месеци пред истекот на мандатот.
           
Членка на Советот може да свика седница на Комитетот на ГПМ за оценка на работата на Секретаријатот.
Критериуми
Секоја членка на ГПМ ги има исполнето појдовните критериуми за членство.

При изборот на Секретаријат дополнително треба да се исполнат и следните критериуми:
а) исклучувачки

  1. Платена членарина за последните 2 години
  2. Учество над 75% во постојаните и привремените тела каде членката пријавила учество.

б) неисклучувачки

    • Технички капацитет (простор, број на компјутери и сл.)
    • Човечки ресурси (лице со цело работно време, број на вработени и сл.)
 
 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ