Полио Плус – движење протих хендикеп

Polio Plus – movement against disability 

 

 

Kontakt:

Булевар АВНОЈ 64 / 2, 1000 Скопје, Македонија
Телефон + 389 (02) 2400 544
Факс: + 389 (02) 2400 544
www.polioplus.org.mk
www.ipplg.org.mk
www.vulkan.com.mk

Датум и место на основање:  30.01. 2000 година Скопје

Област на делување: застапување и пружање услуги

Ниво на делување (локално, регионално, национално, меѓународно):
локално, регионално, национално, меѓународно

Цел на организацијата:

Нашата мисија е насочена кон суштинско поврзување на лицата со хендикеп со основните права и слободи и еднакви можности, што бездруго е нивно основно човеково право; подигње на јавната свест за правата на лицата со хендикеп и нивно интегрирање во пошироката општествена заедница, со цел надминување на дискриминацијата и маргинализацијата.

Главни активности:

1. Промена на законската регулатива: застапување и лобирање за промени; измени на постоечките закони, како и донесување нови, кои ќе гарантираат заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп во РМ.
2. Образование и развивање на способности и работни вештини  како основ за вработување со цел прекинување на состојбата на дискриминација и маргинализациј, којашто водат кон непродуктивност во економска смисла, и оневозможување лицата со хендикеп да се реализираат професионално.
3. Подигање на јавната свест и алармирање на граѓанството: иновативни и таргетирани кампањи и лобирачки иницијативи кои го промовираат изедначувањето на правата и можностите на лицата со хендикеп.
4. Консултации и обука на НВОите: охрабрување и обука на “традиционалните”, како и на новоформираните НВО на лицата со хендикеп, за самозастапување и градење на единствен глас на лицата со хендикеп во Македонија по сите клучни прашања што ја засегаат оваа популација во државата
.

 

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ