Zdru`enie na gra|ani OHO Civil Association OXO

 

 

Kontakt:

Илинденска 43/10, 1000 Скопје
Тел/Факс: 3222 303
www.oxo.org.mk

Датум и место на основање: Февруари,2002 година- Битола

Област на делување:

- непрофитни комуникации - односи со јавноста, социјален маркетинг, некомерцијални промотивни активности;
- едукација – изработка на курикулуми, обуки, семинари,  работилници и други образовни активности од областа на педагогијата;
- лобирање и консалтинг – заштита и промоција на интересите на граѓаните и на демократските институции.

Ниво на делување:  ОХО своите проекти и програми ги спроведува на национално и на меѓународно ниво

Цел на организацијата:
            ОХО се насочени кон идентификување на процесите и на носителите на општествениот развој што се значајни за демократскиот, општествениот и за економскиот прогрес на земјата, за да влијае врз нив преку едуцирање и иницирање реформи, промоција и лобирање, со цел да ги прилагодат кон потребите на граѓаните и демократските институции.

Главни активности:
ОХО своето делување го остварува преку спроведување на:

-  промотивни, информативни и едукативни јавни кампањи, кои во себе вклучуваат односи со медиумите, организација и управување со јавни настани, директен маркетинг, адвертајзинг и публицитет, медиумски маркетинг, ТВ и документарна продукција, употреба на нови технологии и слично;

- едукативни повеќегодишни програми или краткорочни проекти што во себе вклучуваат: избор, разработка и десименација на образовни методологии, курикулуми и на образовни материјали, обука на образовниот кадар, комплетна организација и водење курсеви, симпозиуми, семинари и работлници;

- лобирање и консалтинг за граѓаните и за институциите со цел постигнување на нивните цели и тоа преку:

  • советување и консултации од областите што претставуваат експертиза на ОХО;
  • застапување (advocacy) и собирање средства за строго одредени цели (fundraising);
  • зголемување на влијанието на граѓаните и на демократските институции во општеството (influencing), како и овозможување тие да се стекнат со средства и со механизми што ќе им дадат моќ и сила да ги изнесат и да ги спроведат своите барања и ставови, како и да се чуе нивниот глас во јавноста (empowering);
  • креирање организации од самиот почеток, нивно поставување на здрави основи и зацврстување преку спроведување активности за зголемување на членство, промоција и за организација на управувањето (grassroots communications).

 

 

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ