|
Историјата на Балкан Дијалог проектот започнува уште во 1995 година, една година после завршување на олимписките игри во Лилехамер, Норвешка. Во Нансен Академијата во Лилехамер беше креиран проектот "Демократија, Човекови Права и миролубиво разрешување на конфликтите", кој беше наменет за младите лидери од Балканот, а целта беше преку 12 неделен курс ( обучувачка програма) младите лидери да бидат обучени да работат и дејствуваат на полето на демократијата, човековите права и разрешувањето на конфликти во нивните места на живеење. На крајот од 1999 година по иницијатива на директорот на проектот "Демократија, Човекови Права и миролубиво разрешување на конфликтите", професор Стеинар Брин од Нансен Акадамијата, во Скопје беа остварени неколку средби со дел од студентите од Македонија кои биле учесници на тренинг курсевите што ги организира Нансен Академијата односно Универзитетот во Осло. Иницијативата на професорот Брин за основање на невладина, непартиска, непрофитна и мултиетничка организација која ќе работи на развој на цивилното општество промовирајќи го дијалогот како основно средство за мирољубиво и конструктивно разрешување на конфликтите меѓу поединци и групи, за краток временски период беше прифатена и во целост реализирана. Целосно поддржана од страна на Министерството за Надворешни Работи од Кралството Норвешка, во месец јануари 2000 година канцеларијата на НДЦ Скопје беше официјално отворена и почна да работи како втора канцеларија од Нансен Мрежата и Нансен ДИјалог Проектот.
Во 2000 година, фокусот на активностите главно беше насочен кон правата на децата, дијалог семинари со студенти и младинци , како и млади политичари. Во 2001 година, активностите беа проширени и на регионално ниво, и беа организирани семинари со млади лидери и политичари од Србија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина и Хрватска.Со започнувањето на вооружениот конфликт во Македонија, во активностите на НДЦ Скопје беа опфатени и новинарите од Македонија како целна група, а исто така беше организиран голем Рок Концерт за Мир.
По завршувањето на конфликтот во Македонија, и потпишувањето на Рамковниот Мировен Договор, НДЦ Скопје своите активности ги насочи кон промовирање на рамковниот договор и работа со млади кои живеат во места кои се наоѓаат во кризниот регион.Во соработка со ОБСЕ беа организирани неколку дијалог семинари и сесии со младите од тетово, беа интензивирани трибините со младите политичариу како на локално, така и на регионално ниво. Во 2003 и 2004 година главниот акцент беше на младите политичари.
Во 2005 година после донесувањето на Законот за Територијална поделба на локалните самоуправи НДЦ Скопје започна една нова програма " Програма за поддршка на локална самоуправа-општина Јегуновце"Демократија, Човекови Права и миролубиво разрешување на конфликтите". Истата програма ја продолжува и во 2006 година. За потребите на активностите НДЦ Скопје користи ресурси ( професори, тренери, фацилитатори...), од Нансен Академијата, Лилехамер, Норвешка, вработените во НДЦ Скопје, како и локални ресурси.
Канцеларијата на НДЦ Скопје го носи името на еден од најпознатите Норвежани Фридтјоф Нансен, кој е добитник на Нобеловата Награда за Мир. |
|