Македонска развојна фондација за претпријатија

      

 

 

Контакт:

ул. Никола Парапунов бб П. фах 55 1060 Скопје
Факс: +389 2 3065 298 Тел: +389 2 3065 381      

МРФП е граѓанска и непрофитна фондација, основана 1998 г. од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Активностите на МРФП, дефинирани како финансиски и нефинансиски услуги, се насочени кон поддршка на можностите за вработување и развој на микро и малите бизниси. 
Во делот на финансиските услуги, МРФП воспостави методологија за испорака на заеми и пристап до гарантен механизам, која се базира на поттикнување и поддршка на финансиските институции во кредитирање на микро и мали претпријатија. Во делот на нефинансиските услуги, МРФП преку анализа на опкружувањето, креира и спроведува активности за да обезбеди поефективни и поефикасни пристапи на самите претприемачи. Овие активности МРФП ги спроведува во интеракција со другите чинители: финансиски институции, асоцијации на претприемачи или други актери од МСП секторот.
Со расположив фонд од 9.2 милиони евра за финансиски услуги, преку акредитираните финансиски посредници, досега  беа пласирани заеми во вкупен износ од над 16 милиони  евра кон 3,536 претприемачи. Овие претприемачи имаат вработено 6,410 лица, а со новите инвестиции планираат да вработат уште 1,070 нови лица.

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ