Македонски центар за меѓународна соработка

Macedonian Center for International Cooperation

 

 

Kontakt:

ул. Никола Парапунов бб или П.фах 55, 1060 Скопје, Македонија
тел: +389 (0)2 30 65 381
факс: +389 (0)2 30 65 298
е-пошта: mcms@mcms.org.mk
www.mcms.org.mk
лице за контакт: Гонце Јаковлевска, соработник за односи со јавност

Датум и место на основање: 1993, Скопје

Област на делување:
Граѓанско општество, рурален развој, образование

Ниво на делување: Национално и регионално (Балкан).

Цел на организацијата:
            Целта на МЦМС е промоција, поддршка и развој на локални, национални и меѓународни иницијативи за поттикнување на одржлив развој на хуманите ресурси во Македонија и во странство.

Главни активности:
            МЦМС е граѓанска организација која делува во областа на одржливиот развој, јакнење на свеста и социо-хуманитарната  (основна) помош.
Стратешки цели на МЦМС се:

  1. промоција на мирот;
  2. понатамошен развој на граѓанското општество;
  3. обезбедување помош на групите кои имаат потреба.

МЦМС е активен во следниве сектори: водоснабдување и санитација, образование и здравство, рурален развој, вработување и генерирање приходи, граѓанско општество и демократизација; и итна помош.
МЦМС ги спроведува своите активности преку обука и консултации, информации, застапување и лобирање; раководење и поддршка на проекти.
За спроведување на своите цели и задачи, МЦМС мобилизира и организира хумани ресурси, финансиски и материјални средства во земјава и во странство.МЦМС обезбедува фондови за своите активности од бројни агенции од Светскиот совет на црквите и од владини и меѓународни организации.
МЦМС е основана во 1993 г. со заеднички напори на локалните иницијативи и организации и на Холандската меѓуцрковна помош (ХМП).

 


 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ