4. Делотворност и имиџ
4.1. Изградени капацитети за делотворни ГО
4.1.1. Прирачник за управување и раководење на ГО
Досега не е објавен ниту печатен ниту видео материјал наменет за ГО во Македонија со цел да се зајакне управувањето и раководењето за подобра делотворност и имиџот на ГО.
Ваквиот печатен материјал е од голема полза за раководствата на ГО кои сакаат да бидат активни чинители во заедницата.
Во првиот дел ќе се опфатат прашањата поврзани за управувањето со граѓанските организации. Односно ќе бидат презентирани структурата на управување и примери за соодветни начини за избор и вклучување на овие структури во реализација на стратешките цели и насоки на една ГО. Овој дел од прирачникот ќе помогне и за поголема професионализација во исполнување на очекувањата од страна на управните одбори, собранијата како и исполнувањата на очекувањата од целната група.
Вториот дел ќе се однесува на прашања како што се: раководење со човечки ресурси, кодекс на саморегулација, односи со јавност, транспарентност и отчетност, финансиско планирање, отвореност и достапност кон целната група, како и начините како да се дојде до подобар имиџ (како да се презентираат пред јавноста добро сработените активности) се од голем интерес за ГО.
Прирачникот е неопходна алатка на раководството за следење повисоки стандарди во управувањето и раководењето со ГО.
4.1.2. Прирачник за административно-финансиско работење на ГО
Досега не е издадена публикација каде се евидентирани примери за административното, материјалното и финансиското работење на ГО. Оваа публикација ќе ги евидентира клучните карактеристики на ревизорските мислења за ГО од ревизорските куќи, како и условите кои треба да се исполнат за успешно работење според домашните и меѓународни стандарди. Таа ќе им помогне на раководствата на ГО да ги следат овие стандарди и да се охрабрат за подготовка на ревизорски мислења.
4.2. Подобрен имиџ на ГО преку транспарентно информирање на јавноста
4.2.1. Промоција на позитивните примери на активности од секторот
Тоа што им недостасува на ГО за подобрување на имиџот е презентирање на резултатите на ГО, преку позитивни примери отпечатени во публикација и презентирани пред целната група, владините институции и деловниот сектор надвор од канцелариите на ГО. Тематксиот комитет ќе изнајде механизми за промоција.
4.2.2. Истражување за перцепцијата на граѓаните за работата на ГО
Тоа што недостасува како индикатори и параметри за подобар имиџ на ГО е колку граѓаните знаат за улогата и влијанието на ГО и колку добро ГО ги застапуваат нивните интереси. Ова истражување треба да даде слика како граѓаните гледаат на ГО, да се надополнат или изменат одредени вредности, со што ќе се зголеми имиџот на ГО пред граѓаните. Истражувањето ќе биде изведено на репрезентативен примерок во РМ и промовирано пред граѓанските организации и јавноста.
4.2.3. Заедно за транспарентност: заедничко објавување на извештаи
Оваа активност на група ГО кои практикуваат отчетност и транспарентност пред членството, управните одбори, собранијата и воопшто јавноста ќе се изведува со огласување на ревизорските мислења во печатените медиуми, како и организирање заедничка прес-конференција. Во текот на програмскиот период ќе се подготвaт и отпечатaт годишни билтени на ГПМ, каде ќе бидат презентирани главните активности и буџетски ставки на членките.
Дополнително на оваа активност, ќе се поттикнат за отчетност и владините институции, бизнис секторот, како и да се потврдат стандардите на ГО за транспарентност и отчетност пред граѓаните. Секако тоа ќе го зголеми имиџот на ГО во јавноста.
4.2.4. Награди за граѓанско општество
Во Република Македонија се доделуваат повеќе награди за граѓанско општество придонесуваат кон потврдување на успешноста на ГО во спроведувањето и реализирањето на активностите од страна на различните чинители во општеството. Анкетираните чинители ги верификуваат со овие награди ГО и поединците кои се препознатливи и потврдени од граѓаните како организации и луѓе кои се справуваат со зацртаните активности доверени од целната група.
Дополнително на оваа активност ќе се направи преглед на наградите кои се доделуваат во граѓанскиот сектор со цел да се подобри координацијата. |