KOMPONENTA 1

 

 

1. Координација и соработка

            1.1. Подобрена ко­му­никација, коор­ди­нација и соработка
            1.1.1. НВО Саем - форум на граѓан­ско­то општество (6ти и 7ми)
            Платформата ќе го преземе организирањето на НВО саемот. Ќе го задржи неговиот континуитет, а овој настан ќе да биде една од основните активности на Платформата. 
            НВО саемот ќе ги задржи своите основни цели: создавањето простор за размена на искуства на граѓанските организации и поттикнување на меѓусебното разбирање и почи­ту­ва­ње; поттикнување поголем дијалог меѓу граѓанските органзации и зголемување на нивото на нив­ната комуникација, координација и соработка; зголемена информираност на јавноста за ак­тивностите на актерите на граѓанското општество и размена на информации меѓу нив.
            НВО саемот ќе се состои од четири сегменти: изложбени активности, форумски ак­тив­ности сочинети од форумски расправи и едукативни сесии, социокултурни настани како и „open house“ настани.
            Форумскиот дел ќе се состои од отворени јавни дебати (панели, тркалезни маси) на кои во зависност од покажаниот интерес на граѓанските организации ќе бидат третирани повеќе прашања, од кои три до четири ќе бидат клучни (носечки) теми кои го засегаат целиот сектор, но и општата јавност. Посебно внимание ќе се даде на изборот на теми и говорници. Темите за дискусија треба да бидат доволно атрактивни и актуелни и ќе бидат одредени од Програмски одбор составен од претставници на Платформата.
            Изложбениот дел треба да овозможи презентирање на активности на граѓанските орга­ни­зации. Изложбениот дел ќе се состои од: штандови, постер паноа, аудио-видео пре­зен­та­ции на: организации, проекти и програми.
            Мотивирање за учество и претставување и на други актери како што се: верските заедници и религиозни групи, релевантни владини институции, медиуми и претставници на деловниот сектор и меѓународни организации кои делуваат во Република Македонија и организации од земјите од регионот ќе бидат дел од редовните активности на саемот.
            Едукативните сесии имаат информативен карактер, додека темите ќе бидат поврзани со јакнење на институционалниот капацитет на граѓанските организации.
            За време на саемот ќе бидат организирани социо-културни настани, додека самиот настан ќе биде соодветно промовиран во јавноста.
            Open house настаните се можности за посети на државни институции како и на граѓан­ски организации, се со цел подобро запознавање со функционирањето на истите.
            Со цел размена и стекнување на искуства и запознавање со различни модели ќе се овозможи дел од организацискиот тим да присуствува на слични настани во регионот и пошироко.           Во периодот на оваа програма, ќе се одржат два НВО саеми.

            1.1.2. Регионални саеми – форуми
            Регионалните саеми - форуми ќе бидат во функција на подготовка на НВО саемот и/или негови последователни активности, на локално и регионално ниво. Регионалните саеми - форуми ќе се состојат од пет сегменти, четири идентични на НВО саемот (од помал обем), а дополнителен елемент ќе биде настап во контактни емисии на локалните телевизии. Истите ќе се организираат во 4 региони во Република Македонија, односно во Велес, Прилеп, Кичево и Штип.

            1.2. Одредени прио­ри­тетите за заста­пување и лобирање
            1.2.1. Тематски форуми
            Целта на тематските форуми е организирање на еднодневен настан на кој дла­бо­чин­ски ќе се обработува само една тема. Предлозите за темите ќе произлегуваат од самите организации и ќе бидат од областа на нивното делување. Една од темите која се препорачува е „Приоритети за развој на граѓанското општество“ како последователна дискусија на наодите од изведените истражувања за граѓанското општество во Република Македонија.
Организаторот, носител на настанот е одговорен за подготовката и спроведување на настанот. Комитетот ќе одлучува за темите по предлог на членките, имајќи ја предвид актуелноста на темата. Во текот на програмскиот период се планираат 8 вакви форуми.
           
1.3. Зголемена ин­фор­мираност за активностите
            1.3.1. Веб-сајт на ГПМ
            Утврдено е дека има потреба од посебен веб-сајт на Платформата, кој ќе ги содр­жи сите пишани документи од досегашните и идните активности. Промовирањето на сајтот ќе ги опфати и државниот и бизнис секторот. Администрирањето на сајтот ќе го води Секретаријатот, а ќе се развива можноста за де­цен­трализирано индивидуално обновување со информации од страна на членките на ГПМ.
            Линкови до сајтот на ГПМ ќе бидат поставени на Граѓански свет и МАНГО, како и на сајтовите на членките на ГПМ.

1.3.2. Преглед на истра­жувања за граѓанските организации
            Во текот на последните 4-5 години во РМ се изведени поголем број истражувања од страна на граѓанскиот сектор, но и за граѓанскиот сектор. Со оваа активност се планира да се соберат податоци за истражувањата, кои се реализирале од 2000 година наваму, било да се правени од граѓанските организации или други институции од РМ и пошироко. Овие по­да­то­ци ќе се внесат во база на податоци која ќе биде достапна за сите граѓански органи­зации преку сајтот на ГПМ.

            1.3.3. Електронски билтен на ГПМ
            Секретаријатот на Платформата, редовно ќе ги информира членките за: спрове­ду­ва­њето на активностите, актуелните настани, релевантните активности на други актери во и надвор од Македонија, конференции и можности за стручно усовршување, планираните и одржаните средби и состаноци на телата на Платформата. Информирањето ќе се врши по електронски пат, преку билтен кој ќе се подготвува и дистрибуира на секои две недели. Комитетот на ГПМ ќе ја утврди структурата на билтенот.

            1.4. Изградени капацитети за вмрежување
            1.4.1. Истражување за мрежите, коалициите и чадорските организации
            Присутноста на повеќе формални и неформални мрежи во РМ ја потврдува по­тре­ба­та од координирани активности кои придонесувааат за поефикасно и поефективно ос­тва­рување на целите. Непостоењето на документ во пишана форма за досегашните искус­т­ва, формите, релациите во рамките на мрежите, влијанието врз општествените текови, ја на­метнува потребата за спроведување на длабочинско истражување на оваа пробле­ма­тика.
            Носителите за оваа активност (тематскиот комитет за координација и соработка) ќе подготват Опис на надлежности за спроведување на истражувањето, со ставање во функција на сите ресурси - извори на верификација, кои ги имаат членките на ГПМ. Конечниот материјал треба да содржи информации за позитивните примери и влијанија кои настанале во општеството од мрежите, коалициите и чадорските органи­за­ции, планирани/ реализирани активности.
            Целиот процес ќе се подели во две фази: истражување со фокус на РМ и препораки за градење капацитети и одржливост на ГО, а ќе биде изведен во соработка со стручни лица.

 

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ