КОМИТЕТ

 

 

Природа
Комитетот е постојано тело на Платформата. Комитетот има извршна улога во организацијата на Платформата.
Комитетот мора да има балансиран состав во однос на регионалната и секторска разноликост, но нема да претставува структура што би имала за цел да го претставува граѓанско општество во Македонија, во целина.
Делокруг (Одговорности)
Комитетот:
- утврдува редослед на претседавање со седниците на Комитетот на првата седница во календарската година;
- донесува перспективни и годишни програми и планови за работа и финансиски план;
- носи мерки за обезбедување на ефективно извршување на про­гра­мата;
- ги разгледува пријавите за членство во Платформата и дава препораки до Советот;
- го предлага составот на Секретаријатот;
- одржува постојани контакти со поборниците на граѓанското општество;
- ја популаризира Платформата, поттикнува на широко распространето учество и дебата во врска со прашања и предлози поставени од страна на Платформата;
- поттикнува мобилизиција на средства;
- воспоставува повремени тела;
Состав
Комитетот го сочинуваат претставници на членките на Платформата, како и индивидуални актери.
Претставници на членките
За да се обезбеди динамиката на работата членките треба да наименуваат претставник и негов заменик.
Комитетот има од девет до тринаесет члена - претставници на учесниците во Платформата.
Составот на Комитетот ги претставува различните интереси и организации во Платформата.
Членови се избираат за период од две години, со право на повторен избор.
Индивидуални актери
Комитетот вклучува во својот состав и индивидуални актери  битни за граѓанското општество, чие присуство се смета важно во одреден момент и ситуација, како и во однос на организациската динамика на Платформата.
Бројот на индивидуални актери - членови на Комитетот е не повеќе од три члена.
  Индивидуалните актери учествуваат во работата на Комитетот без право на глас.

 
 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ