|
Ние сме невладина тинк-тенк (think-tank) организација формирана во 1997 година, која што функционира како во земјава, така и надвор.
Како експерти за стручна стратегиска анализа, препорака на политики и советувања, истражувања на јавното мислење и квалитативна анализа на податоците, наша цел е да се унапреди улогата на цивилниот сектор, да се унапредат и забрзаат процесите на демократизација во Република Македонија и да се креира и негува соодветна политика во однос на евро-атлантската интеграција.
Нашите проекти се однесуваат на прашања од областа на демократијата, безбедноста, политиката, економијата, интеграцијата во ЕУ и мултиетничкиот дијалог.
Форум - Центарот за стратегиски стражувања и документација е посветен на обезбедување стратегиски увид и политички решенија за актуелните и новите национални, регионални и европски прашања.
Притиснати од потребата за унапредување и забрзување на демократските поцеси во Република Македонија, Форум - ЦСИД работи на промовирање кохерентни и практични стратегии, нудејќи поддршка за заедниците и олеснувајќи ги реформите во различни области на јавните служби.
Независно од сите политички партии и посебни интересни групи, Форум - ЦСИД претставува непрофитабилна организација којашто во целост се потпира врз грантови и донации од билатерални и мултилатерални донатори, фондации, компании и други организации.
Политички прашања
Центарот иницира активности насочени кон идентификување и анализа на политичките опции преку приближување кон креаторите на политиката, ангажирајќи експерти надвор од институциите што носат одлуки, со цел да презентираат можни алтернативи во отворени и транспарентни дебати за политиката и во рамките на разни истражувања, работејќи на анализи и резултатите од истите што се важни за пошироката јавност.
Посредување и лобирање
Истовремено Форум - ЦСИД претставува водечка организација за посредување и лобирање во однос на национални и меѓународни прашања, соработувајќи со македонската влада и со други македонски организации, разни меѓународни тела и креатори на политиката. Форум - ЦСИД особено работи на поврзување со други тинк-тенк организации и институции од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, кои се природни партнери во негувањето на заедничките цели и визии во регионот.
Истражување и анализа
Форум - ЦСИД редовно спроведува истражувања, чиишто цели се:
- Анализа на политичките, безбедносните и геоекономските трендови во земјата;
- Организирање проекти и активности коишто негуваат меѓуетнички дијалог;
- Иницијативи за поддршка на напорите насочени кон постигнување на потребните стандарди за интеграција на земјата во евро-атлантските институции;
- Преземање чекори коишто би имале влијание врз Владата во дефинирањето на политичките опции и стратегии.
Услуги
Форум - ЦСИД ги надополнува своите активности преку целосно користење на услугите и логистиката на другите организации од Групата Форум. Групата Форум ја сочинуваат влијателниот политички неделник “Форум Плус”, FG Communications - агенција за односи со јавност и агенција за спроведување анкети, чии активности вклучуваат конвенционални методи за собирање податоци, обработка на податоците, организирање анкети, анкетен примерок и извештај, печатницаи простор за состаноци и дебати со целосната потребна опрема за снимање и симултан превод.
|
|