Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ)

Foundation Open Society Institute – Macedonia (FOSIM)

 

 

Kontakt:

Бул. „Јане Сандански“ 111, Скопје
Тел. 02/ 2444-488
Факс: 02/ 2444-499
Е-маил: osi@soros.org.mk
www.soros.org.mk

Датум и место на основање: Скопје, 1992

Област на делување:
Образование (со фокус на образование на Роми); граѓанско општество, економски реформи; јавно здравство; реформа на јавната администрација; право и медиуми.

Ниво на делување:
локално, регионално, национално, меѓународно

Цел на организацијата:
Мисија на ФИООМ е внатрешна интеграција на Македонија како предуслов за нејзината интеграција во ЕУ.

Принципи кои произлегуваат од Мисијата:

  • Мапирање и скенирање на државните институции; анализа и промоција на доброто владеење (крос-секторски приоритет во 2006-2008)
  • Интеграција на Ромите во програмските области образование, здравствена заштита, граѓанско општество и економски реформи
  • Децентрализација и развој на локалната демократија – во програмските области јавна администрација, граѓанско општество, право и информатичко општество
  • Афирмација на европските вредности и стандарди – во сите програмски области
  • Зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор како монитор на Владата од гледна точка на нејзината транспарентност и одговорност.

Главни активности:
Оперативно водење на проекти и давање грантови во следните програми: за образование; за граѓанско општество, за економски реформи; за јавно здравство; за реформа на јавната администрација; за добро владдење; за право; и за медиуми.

 

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ