|
Kontakt:
ул” III МУБ”, бр.14, 1300, Куманово
Тел: 031/411-406; факс: 031/430-148; е-маил: drom@drom.org.mk
Лице за контакт: Извршен директор -Ахмет Јашаровски
www.drom.org.mk
Датум и место на основање: ДРОМ, како невладина и непрофитна организација е формирана во 1997 година со седиште во Куманово.
Област на делување: Образование, човекови права, социјала, здравство и вработување.
Ниво на делување :
Локално, национално и меѓународно.
Цел на организацијата: Генерален напредок на Ромите преку нивно зајакнување и претставување како рамноправни граѓани во Македонија и надвор од неа.
Главни активности:
ЦРЗ“ДРОМ“ од Куманово своите активности ги насочува кон горе наведените области и кон активностите поврзани од Декадата на Ромите.
Во рамките на своите активности успеа да изготви акционен локален план од Декадата на Ромите 2005-2015 година. Акциониот план е изготвен со учество на претставници од локалната самоуправа и од јавната администрација на град Куманово од кои е формирана лоби група. Од страна на Владата на Македонија, извршниот директор на Дром е избран да биде член на Координативно тело при Влада на Р.М. за изготвување на акциони планови од Декадата на Ромите.
Од областа на образование во моментот се одвиваат активностите финансирани од Уницеф во рамките на проектот “Социјален развој во заедницата“ во кој спаѓаат група на деца од предшколска возраст, група за описменување за деца кои немаат завршено основно образование и дополнителни часови за деца кои посетуваат редовна настава во основните училишта, во рамките на програмата “Основно образовние за возрасни“ а во соработка со О.У.“11 Октомври“ од Куманово се одвиваат активности за ученици кои не биле вклучени во образовниот процес.
|
|