Ромска организација на жените од Македонија “ДАЈА” од Куманово

RWOM DAJA-Kumanovo

 

 

Контакт:

Адреса: Иво Лола Робар, бр.46, 1300 Куманово, Република Македонија
Контакт телефон: +389(0)31 413662
Факс: +389(0)31 423654
Е-маил: daja@mol.com.mk
Веб страна:www.daja.org.mk

Датум и место на основање: РОЖМ”ДАЈА“ е формирана во Куманово на 06/06/1993 година со цел за обезбедување помош на Ромската популација на повеќе полиња.

Област на делување:
Поради обременоста на Ромската популација со најразлични проблеми од една страна, и високо поставените организациски цели од друга страна, Р.О.Ж.М. “Даја” има широк спектар на делување.
Границите на дијапазонот се движат низ следните општествени полиња:

  1. Едукација на Ромската популација
  2. Еманципација на жената Ромка
  3. Социјално - правна заштита
  4. Подобрување на вработеноста кај Ромите
  5. Подобрување на здравствената положба на Ромската популација
  6. Итна / основна помош
  7. Институционално јакнење на НВО-и во РМ
  8. Јакнење на сопствените капацитети на организацијата

Ниво на делување:

Веќе по едногодишното работење, ДАЈА го прошири делокругот на работење на национално ниво, со цел за поуспешно остварување на својата мисија. Во таа насока на ниво на Македонија, беа основани ограноци на ДАЈА, во градовите: Битола, Виница, Делчево, Пехчево, Берово и Крива Паланка. По извесно време, кога беа создадени услови за тоа, ограноците беа осамостоени во засебни организации кои денеска успешно функционираат како самостојни невладини организации и со кои Р.О.Ж.М. “Даја” има одлична соработка. Најголемиот дел од сегашните активности Р.О.Ж.М. “Даја” ги реализира на национално ниво, во повеќе места во Република Македонија и во координација со НВО -и од други градови.

Цел на организацијата: Стратешки насоки кои се поставени со Стратегијата за работа на организацијата за периодот 2005-2010 се:

  1. Активно вкучување на Даја во реализација на целите на Декадата на Ромите
  2. Еманципација и интеграција на жената Ромка во општеството
  3. Продлабочување и проширување на соработката со инстутуциите кои работат во доменот на образование
  4. Подобрување на положбата на Ромската младина во општеството
  5. Подобрување на здравствената состојба на Ромска популација
  6. Обезбедување на минимум  финансиска одржливост на Даја

Главни активности:
Моментално, РОЖМ Даја работи на 3 проекти во рамки на кои се реализираат повеќе активности:

1. Програмата Преку едукација и еманципација до интеграција, чија реализација ќе трае 3 години, е финансирана од NOVIB.

2. Проектот Обука низ работа на млади Роми, финансиран од МЦМС и МРФП, е насочен кон подобрување на квалификуваноста кај младите Роми низ чиракување во приватните претпријатија во Куманово. Истовремено се рушат предрасудите и стереотипите од етнички карактер кај работодавците.

3. Проектот Социјална кнцеларија, финансиран повторно од WJAID, со малку изменета форма и нови содржини (семинар за социјалните работници, пружање на итна финансиска помош на социјалните случаи, вадење на документи итн.) повторно се реализира. Основната цел е пружање на советодавна помош, изработка на барања, молби, жалби и сл., контакти со надлежните институции во функција на полоесно остварување на социјалните права на граѓаните од Ромска популација.

 

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ