Основен принцип за членство е отвореноста на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) за сите домашни граѓански организации кои изразиле волја да пристапат кон Платформата, ги споделуваат нејзината визија и цели и ги прифаќаат утврдените принципи.

1. Критериуми за членство
Како појдовни критериуми за членство се сметаат следните:
Форма на организација
Организации кои се основани заради остварување и заштита на правата и уверувањата во согласност со Уставот и законите на Република Македонија;
Непрофитни организации;
Непартиски организации - организации кои не вршат политички активности или користат својот имот и средства за остварување на целите на политичките партии, односно директно не учествуваат во изборната кампања или собирање средства за изборна кампања и финансирање на политичките партии (чл.3 од ЗЗГФ);
Резултати (број на активности и постигнати резултати од преземените активности)
Ресурси (финансиски, човечки)
Внатрешна организација (активни демократски структури, репрезентативност, односи со членството и целната група)
Односи со другите актери (во рамките на секторот, надворешни)
Отчетност и транспарентност
Поддршка на ГПМ (финансиска и персонал)

2. Насоки за членство
Моделот за оценка на критериумите ќе биде бодување.
Во функција на флексибилност и простор за поголема застапеност и репрезентативност критериумите ќе бидат релативни и ќе се оценуваат интегрално со можност за отстапки доколку станува збор за маргинализирани групи. Во таа смисла неопходно е отстапување со цел афирмативност на одредени маргинализирани групи (пр. роми, жени).
На организациите ќе им се остави разумен рок во кој би оствариле и постигнале одредени цели со кои би се исполниле утврдените критериуми за членство. Иако постојат појдовни критериуми, политиката за прием на членство ќе биде базирана врз релативни, а не стриктно утврдени критериуми, што главно подразбира отвореност на организацијата да споделува информации и да соработува со другите организации.
Мерливоста на подготвеност на организацијата за споделување информации и соработка би било досегашното искуство, односно, членство во мрежи, заеднички проекти, значително влијание и постигати резултати во областа во која делува.

Механизам на прием
Пријавите за членство, потполнети, заедно со статутот на организацијата, решението за регистрација и годишен описен и финансиски извештај, се доставуваат до Комитетот. По препорака на Комитетот, Советот одлучува за прием на нови членки со конзенсус.


 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ