|
Цели и задачи
Генерална цел е втемелување на граѓанскиот сектор како рамноправен партнер во општеството заради постигнување позитивни општествени промени, односно воспоставу-вање партиципативна демократија и општествено одговорен деловенсектор.
Целта на програмата е создавање отворено место за размислување, демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција на граѓанските организации и зголемено влијание на граѓанскиот сектор во Македонија.
Целна група
Целна група се граѓанските организации во Република Македонија, кои се и директни корисници. Индиректни корисници се и граѓаните, организациите и институциите од државниот и деловниот сектор во Република Македонија, како и меѓународните организации. |
|