Конкурс за доделување грантови на лидерски невладини организации
Институтот за трајни заедници (ИТЗ) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, кој е финансиран од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), објавува конкурс за доделување грантови на искусни невладини организации (НВОи) од Република Македонија. Целта на Проектот е да помогне граѓанскиот сектор да стане поефективен, повлијателен и постојан партнер на владата и на деловниот сектор во обликувањето на сегашноста и иднината на земјата.
Целта на конкурсот за доделување грантови е да идентификува и развие група од најмногу 8 лидерски НВОи кои ќе се приклучат на јадрото од 17 лидерски НВОи вклучени во текот на првите три години од спроведувањето на Проектот. Групата ќе вклучува организации фокусирани на конкретни прашања или услуги, мониторинг групи, професионални асоцијации и истражувачки институции (think tanks ). Селектираните НВОи ќе одразуваат разновидност во поглед на географска локација, родова и етничка застапеност, како и лидерство и персонал.
Ќе бидат доделени едногодишни грантови во износ до 25 000 УСД за поддршка на конкретни проекти за застапување кои ќе овозможат граѓанско учество во областите на децентрализација, антикорупција и интеграција во ЕУ. Апликантите може да поднесат проекти фокусирани на било кое прашање или вид на активност што е во согласност со нивната мисија и е во рамки на општите области наведени погоре. Успешните апликации ќе претставуваат амбициозни проекти кои се дизaјнирани така да постигнат максимално влијание.
Покрај грантовите за конкретни проекти за застапување, секоја НВО ќе добие техничка помош, обука и информации за спроведување на проектот и за институционален развој на организацијата.
Целосната верзија на конкурсот и формуларот за аплицирање се достапни на веб страната на ИТЗ и на веб страната н УСАИД.
Апликациите треба да се достават до канцеларијата на ИТЗ во Скопје до 17:00 часот, 26 август, 2008 г. во бараниот формат и со сите потребни прилози.
КОНКУРС ФОРМУЛАРИ
|