Влада на Република Македонија


Инструмент за претпристапна помош- Компонента IV
OП РЧР – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013


Оперативната структура одговорна за имплементирање на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013, финансиски поддржана од Европската комисија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), објавува:


ПОВИК


ЗА НОМИНИРАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ И НИВНИ ЗАМЕНИЦИ
ОД СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
ВО СЕКТОРСКИОТ КОМИТЕТ ЗА СЛЕДЕЊЕ на ИПА компонента IV


Врз основа на член 167 и член 59 од Регулативата на советот на Европската комисија бр. 718/2007 од 12 јуни 2007 година,  во  однос  на  имплементирањето  на  Регулативата  на  Советот  на  Европската комисја  бр.  1085/2006  за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), оперативната структура   воспостави Секторски комитет за следење на ОП РЧР 2007-2013 (ИПА компонента IV). Институции во рамки на оперативната структура одговорна за спроведување на ОП РЧР се Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика  и  Министерството  за  образование  и  наука,  кои  воедно  се  и  одговорни  за  целосна  координација, имплементација, следење и оценка на спроведувањето на средствата од ИПА компонента IV. Врз основа на член
19, став 5 од Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 18/2008, Секторскиот комитет за следење треба да  го  сочинуваат  претставници  на  Европската  комисија,  Националниот  координатор  за  ИПА,  Националниот координатор  за  авторизација,  Стратешкиот  координатор  за  регионален  развој  и  развој  на  човечки  ресурси, оперативната  структура,  како  и  од  социјалните  партнери (организациите  на  работадавачи  и  синдикати)  и граѓанските организации. Улогата на Секторскиот комитет за следење е континуирана оценка на прогресот во спроведување на Оперативната програма во насока постигнување на определените приоритети и мерки.

Целта  на  повикот  е  да  се  спроведе  транспарентна  процедура  за  избор  на  4  претставници  од  граѓанските организации,  активни  во  областа  развој  на  човечки  ресурси,  односно  обезбедување  активно  учество  на граѓанскиот  сектор  во  работата  на  Секторскиот  комитет  за  следење  на  Оперативната  програма  за  развој  на човечките ресурси 2007-2013.

Начинот на избор на претставници и нивни заменици од граѓанските организации ќе се спроведе во неколку фази: објава на повикот во дневниот печат и на интернет, дисеминирање на информациите по електронски пат, формирање на верификациона комисија од страна на граѓанските организации, процес на оценка на номинираните кандидати  од  страна  на  верификационата  комисија  и  објава  на  избраните  претставници  на  граѓанските организации и нивните заменици.

Детални информации за  повикот, процедурата и  критериумите за  избор на  претставници и  организации  кои можат да номинираат кандидати за претставници, пријавите за номинирање на кандидати и потребните придружни документи, можете да ги најдете на следниве веб-страници:
- Министерство за труд и социјална политика (МТСП): https://www.mtsp.gov.mk;
- Граѓанска платформа на Македонија: https://www.gpm.net.mk;

Комплетираните пријави за номинираните кандидати за претставници од граѓанските организации се доставуваат во затворен плик само преку препорачана пошта со следната назнака и на следната адреса:

ИПА Компонента IV
Номинирање на член во Секторскиот комитет за следење
"Да не се отвара до сесијата за отварање“.
Министерство за труд и социјална политика

ул. „Даме Груев“ бр.14,

1000 Скопје, Македонија

Пријавите кои нема да ги содржат бараните податоци, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. Ве молиме, без телефонски јавувања.


Времетраењето  на  повикот за  номинирање  на кандидати  за  претставници  од  граѓанските  организации  е  15 календарски  дена  од  денот  на  објавување  на  повикот.  Крајниот  рок  за  доставување  на  пријави  за номинирање на кандидати е   03 февруари 2010 година, до 16:00 часот.

 

 

 

 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ