ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

     Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на програмата на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), ја поканува вашата организација да земе учество на тридневната обука со наслов „Добро управување - зголемена оддржливост“, која ќе се одржи од 23 до 25 ноември 2007 година во х. Милениум, Охрид. Обуката е наменета за раководните, извршните и управните тела на граѓанските организации-членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) како и останати граѓански организации во земјата.

 

     Обуката ќе биде испорачана од обучувачите Сашо Клековски (Извршен директор на МЦМС) и Емина Нурединовска (соработник на проекти во МЦМС).

 

     Интересот за учество на обуката можете да го искажете со пополнување и достава на прашалникот, најдоцна до 14 ноември 2007 година (среда), на следната адреса: ул. Никола Парапунов б.б., П.Ф. 55, 1060 Скопје, факс: 02/3065-298 или на следната е-маил адреса: gmh@mcms.org.mk. Вашата организација може да учествува на обуката со по најмногу 2 претставника, по еден претставник од извршниот орган и еден претставник од управниот орган.

 

     Повеќе информации за обуката можете да добиете на тел. 02/3065-381 или горенаведената е-маил адреса. Лице за контакт е Глигор Михаиловски, одговорен соработник на проекти во МЦМС.

 

     Патните трошоци за учесниците со место на живеење надвор од Охрид, во висина на автобуски билет (според официјалниот ценовник на меѓуградската автобуска станица) во максимален бруто износ од 600 МКД (со приложена потврда) ќе бидат надоместени од организаторот на настанот. За евентуалните учесници од Охрид не следува надомест за патните трошоци. За учесниците со место на живеење надвор од Охрид, организаторот обезбеди бесплатно сместување. Бројот на учесници на обуката е ограничен.

 

     МЦМС ќе ги избере учесниците од предложените кандидати според однапред утврдени критериуми.

 

   Овој настан е дел од програмата за работа на ГПМ (2006-2007 г.). Активноста е овозможена благодарејќи на Европската агенција за реконструкција преку финансирањето од Европската унија.

 

 

 

 

 

 
 
  логин
  календар
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ