Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Маедонија – ЕСЕ


 

 

Kontakt:

ул. Максим Горки бр. 20/1-4, 1000 Скопје
тел: 02 3298 295; 3298 296 лок.108
факс: 02 3211-453
e-mail: esem@esem.org.mk
www.esem.org.mk

Датум и место на основање: 1994 година во Скопје

Област на делување: еманципација, солидарност и еднаквост на жените

Ниво на делување: национално

Цел на организацијата:
Наша цел e подобрување на состојбата на жената  преку  активно  вклучување и учество на двата пола, што води кон фактичка, а се повеќе оддалечува од декларативна родова рамноправност.

ЕСЕ се фокусира на следните стратешки цели:

  1. Обезбедување на бесплатни професионални и квалитетни директни услуги за жените, вклучувајќи советување, поддршка и информација за семејно насилство и здравствени прашања.
  2. Развивање и зајакнување на капацитетите на невладините организации, поврзани со жените и нивното здравје.
  3. Зајакнување на капацитетите на жените и мажите во политичките партии, со цел да ги препознаат и стимулираат родовите концепти во политиките на национално и локално ниво
  4. Правна и фактичка анализа на  одредени прашања, со цел вклучување на родовата перспектива во законодавството.

Главни активности:
Методолошки пристап се темели на:

    • имплементација на едукативни семинари,  обуки, тркалезни маси и тематски средби;
    • подготовка на едукативни материјали, 
    • организирање кампањи;
    • спроведување истражувања;
    • активно инволвирање во процеси на изготвување на предлог-измени на постоечки закони;
    • организациско јакнење на капацитетите на своите соработници - невладини организации и женските организации во партиите;
    • создавање бази на податоци на полињата на кои работи;
    • размена на информации преку своја ВЕБ страница
 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ